Eurocomit3 - Global Translation Services EuroComIT3 Global Translation Services EuroComIT3
 
 
 
гаранција за квалитет

Ние ви гарантираме за квалитетот на нашиот превод. Ние работиме само со професионално обучени поединци за да обезбедиме вашите преводи да бидат точни, без грешки и испорачани на време.

Нашата гаранција за квалитет ќе ви гарантира дека ќе бидете задоволни со услугите што ги нудиме. Ние преведуваме во согласност со EN 15038 и ISO 9001 стандардите за преведување.

Ние ги управуваме процесите со алатката, која е целосно прилагодена со стандардите за преведување. XTRF придонесува за квалитетот на нашата работа и значително го намалува бројот на грешки. Но, сепак, сите преводи се проверуваат дали се квалитетни.

Главните придобивки од XTRF се:

  • Портал за клиентите и преведувачите
  • Автоматски проекти за работниот тек
  • Автоматизација на целата работа која се повторува
  • Автоматска каталошка структура за креирање на цените и проектниот менаџмент
  • Модул за праќање на е-маилови
  • Автоматско проектно нарачување
  • Управување со жалби

Проверувањето на квалитетот на преводот вклучува голем број на контроли:

1. Ревизија на преводот, двојазичен преглед на терминологијата, за да се обезбеди преводот да биде точен и прецизен. Тоа вклучува споредба со изворниот текст,користење на специфични речници обезбедени од страна на клиентот- ако е потребно и др.

2. Лекторирањето на преведените документи вклучува корекција на граматички, правописни и јазични грешки, проверка на пишувањето на личните имиња и културните локализациски прашања, како што се валута, датум, броеви итн. Лекторирањето исто така вклучува и контролирање на стилот за да се обезбеди преводот да го одрази стилот и тонот на изворниот документ.

3. Контрола за уредување за да се обезбеди изгледот на преводот да одговара со изворниот јазик на документот, вклучувајќи го нумерирањето, главата и ногата на документот, маргините, графиката, позиционирањето, употребата на точни фонтови, итн.

доверливост на клиентите

Ние ја почитуваме приватноста на нашите клиенти и никогаш нема да ги споделуваме нивните информации.

Гарантираме дека ќе ги чуваме сите информации во врска со вашиот бизнис или документите кои ни се дадени во најстрога доверба.

Разбираме дека бизнисот и правните информации кои ни се предадени можат да бидат од доверлива природа и затоа ви ветуваме дека тие информации никогаш нема да бидат поделени со никого.

Нашите толкувачи и преведувачи го имаат истиот стандард кој ви гарантира дека тие исто така ќе го чуваат бизнисот или правните информации како да се дадени приватно.

Ние ќе работиме само професионално и во доверба.

методологија на превод

Ние преведуваме со помош на различни методи. Ние нудиме рачно преведување, што значи дека преведувачот ќе ги прегледа вашите документи или содржината и ќе ги преведе само рачно со употреба на неговото познавање на јазикот. Потоа овие документи ќе се прегледаат за да се осигури нивната точност. Ние, исто така преведуваме и компјутерски- користејќи ги најновите софтвери и други алатки за да ви обезбедиме точни преводи.

На вас останува да ја изберете методологијата за преведување. Ние работиме за вас, со цел да ви обезбедиме само најточни и веродостојни преводи на вашата содржина или документи, за да бидете задоволни.

Тековно работење со проекти
Тековното работење со проектите се состои од голем број на чекори, секогаш започнувајќи со анализа на проектот, при што барањата на проектот, вклучувајќи барања за испорака, се собираат, а се потврдуваат и целите на клиентот. Овој процес исто така вклучува и анализа на оригиналната документација на клиентот и подготовка на речници, референтни материјали, TMс- доколку е потребно. Процесот е управуван со помош на програмот XTRF- алатка за автоматско проектно управување прилагоден со стандардите за преведување.

Фазата проектно анализирање е проследена со планирање на проектот, вклучувајќи ја и подготовката на датотеките за превод, избор на ресурси и дефинирање на распоредот на проектот.

За време на лингвистичкиот процес, документите се предаваат на јазични експерт(и) за превод. Јазичните експерти внимателно се избираат во зависност од јазичната комбинација и областа на преведување. Најчесто тие ги користат алатките SDL Trados Studio и Atril Deja Vu tools, а во многу случаи и MemoQ и Wordfast. Користењето на алатките за превод им овозможува да управуваат со речници обезбедени од страна на клиентот или избор на речници и база на термини развиени од страна на самите нив.

Преводот, прегледот и лекторирањето го извршуваат професионалци- говорници на мајчин јазик.

Преведувањето е проследено со процесот на прегледување кој се фокусира на верификацијата и конзистентноста на терминологијата и лингвистичката точност. Тоа вклучува прегледување и проверка на квалитетот со клиентот. Текстот се прегледува колку што е потребно и се ажурира со ТМ ако е потребно. Процесот на лекторирање вклучува контрола на правописот, стилот и локалните културни прашања. Следствено на тоа, ние обезбедуваме контрола на обликот за да обезбедиме изгледот на преводот да одговара со изворниот јазик на документот.

Како последен чекор, потребно е да се добие конечно одобрување од страна на клиентот, се оценува неговото задоволство, собраните информации и завршениот проект се доставува во бараната форма.

РАБОТЕТЕ СО НАС!
Дали сакате да ни се придружите? EUROCOMIT3 секогаш е во потрага по специјализирани и искусни хонорарни преведувачи кои сакаат да му се придружат на нашиот тим. Ако имате повеќе од шест години на преведувачко искуство во вашата област и ако сте посветени на квалитетот и почитувањето на кратки рокови, ве молиме контактирајте не.


Get a Free Quote