Eurocomit3 - Global Translation Services EuroComIT3 Global Translation Services EuroComIT3

Eurocomit3

EUROCOMIT3 е основан во 2004 година во Марибор, Словенија. Ние сме група професионалци кои може да сe пофалат со дестгодишно искуство во областа на преведувачките услуги, толкувачките и лекторските услуги на сите видови документи од различни дејности.

Во овие години преведовме милиони зборови на повеќе од 70 различни јазици за различни клиенти, меѓу нив компании, банки, непрофитабилни институции, меѓународни организации и поединци.

EUROCOMIT3 нуди преводи, лекторирање и толкување на повеќе од 70 различни јазици. Преведуваме и лекторираме различни видови на документи за најразлични дејности, од едноставни документи до обемни материјали, напишани на стручен јазик, како и во различни формати кои може да бидат уредени или не.

Нашите меѓународни преведувачки услуги вклучуваат и локализација на веб-сајтови и производи за да им помогнеме на нашите клиенти да ја зголемат нивната конкурентност со материјали на повеќе јазици.

EUROCOMIT3 работи на глобално ниво како мрежа од хонорарни преведувачи кои зборуваат на својот мајчин јазик и работат на секој пазар кој го покриваме со нашите преведувачки услуги. Ваквиот бизнис модел ни овозможува да работиме 24 часа на ден, седум денови во неделата за да овозможиме услуга на секој клиент, прилагодена на неговите потреби, без оглед на дејноста, местото, големината или видот на документот што треба да се преведе.

Нашата бизнис филозофија се темели на квалитет, прилагодливост и грижа за клиентите.

При изборот на нашите соработници користиме стоги критериуми. Нашите преведувачи имаат најмалку шест годишно работно искуство во областа на преведувањето, толкувањето или лектурата во соодветните дејности. По потреба може да обезбедиме група на меѓународни преведувачи за превод или лектура на повеќе јазици за посебни потреби.

Нашата стандардна деловна процедура се состои од разговор за преводот со клинтот, за да ги разбереме  неговите барања, компјутерски или рачен превод (во зависност од видот на документот и бараниот превод), од страна на преведувач на мајчиниот јазик, специјалист за соодветниот вид на дејност, лекторирање, кој исто така го работи роден говорител и на крајот уредување на преведениот документ.

Со нашата постапка за обезбедување на квалитет спречуваме грешки, ги следиме најновите технологии и одржуваме највисоки можни стандарди. Ги очекуваме вашите повратни информации, што би ни помогнало за да ги подобриме нашите услуги, за да можеме да ви изготвиме најдобро решение според вашите потреби.