Консекутивни преведувачки услуги, EuroComIT3 Global Translation Services EuroComIT3

Облици на толкување

Лично толкување

Често преведувачите со брз и прецизен превод значитело допринесуваат во меѓусебното разбирање. Ако имате потреба од преведување во живо размислете за нашите услуги за личен превод. Овие услуги се наменети специјално за помош при лична комуникација меѓу два јазика во различни пригоди. Нашите услуги на личен превод ги извршуваат преведувачи на својот мајчин јазик и на вклучените лица им нудат висок стандард при преведувањето на содржината во живо, во избраниот јазик.

Консекутивни преведувачки услуги

Исто така нудиме и консекутивни преведувачки услуги. Овие услуги ги обликувавме за да ги задоволиме вашите потреби за преведување на настани во живо. Со консекутивното преведување текстот го преведуваме веднаш по неговото изговарање. Ова е најдобрата опција за комуникација при важни настани во живо. Слушателите ја слушаат изворната содржина, но полесно ја разбираат бидејќи ја слушаат на својот јазик.

Услуги на симултан превод

Дали имате потреба од симултан превод за настани во живо? Ви нудиме преведувачки услуги кои се меѓу најдобрите во нашата област. Нашите преведувачи преведуваат настани во живо брзо и прецизно. Задржете го вниманието на вашата публика со својата презентација така што ќе им понудите симултан превод и со тоа ќе им овозможите подобро да ја разберат содржината. Освен тоа вашите слушатели нема да имаат чувство дека испуштиле некој важен дел само затоа што зборуваат друг јазик.
Овие три вида на преведувачки услуги ќе ви овозможат да изберете која од нив најмногу би била најсоодветна за вашиот настан и најефикасна за вашите слушатели. Која од можностите би била најефикасна ќе одлучите сами. Без разлика која опција ќе ја изберете, ќе се потрудиме да ви ги обезбедиме најдобрите преведувачи и преводот да биде точен и навремен, така што слушателот или слушателите нема да испуштат ниту еден дел од вашето претставување што сакате да го преведете.