Зошто EuroComit3? - Global Translation Services EuroComIT3 Global Translation Services EuroComIT3

Зошто EuroComit3?

Зошто ние?

Посветени сме на квалитетот.

Нашите преведувачки услуги ги задоволуваат највисоките преведувачки стандарди. Сите преведувачки услуги и лекторирањето ги извршуваат преведувачи – родени говорители. Нашиот автоматизиран преведувачки процес обезбедува отстранување на сите недостатоци во согласност со барањата на стандардите ISO и EN.

Без оглед на тоа, дали сакате превод на едноставен документ или обемен учебник, пишуван на сложен технички јазик – ние ќе ви ја обезбедиме најдобрата услуга. Вклучуваме внимателно избрани професионалци од различни дејности кои ги познаваат сите специфични изрази.

Без чудни изрази.

Без невообичаен и непрофесионален стил.

Без грешки.

 

Нашите решенија се одлично прилагодени на вашите потреби.

Работиме 24 часа по седум денови во неделата, низ целиот свет.

Секогаш ви стоиме на располагање за нарачка и разговор во врска со вашите потреби. Достапни сме преку алатките за разговор во живо за подетално усогласување, во согласност со вашите барања.

Нашите услуги ги извршуваме веднаш. Флексибилни сме. Можеме да ги прилагодиме своите приоритети на подрачјето на обработка, за да ви помогнеме да ги запазите кратките рокови.

Безбедно и лесно плаќање.

Без паника.

Без пречекорување на роковите.

 

Најдобар сооднос помеѓу кавлитетот и цената.

Нашите цени ги одразуваат локалните ценовни нивоа во сите области во коишто работиме. Па дури и повеќе од тоа: внимателно ги следиме промените на цените и ги прилагодуваме кон нашата ценовна политика. Ние се стремиме да обезбдиме најдобри услуги по пристапни цени. Преводите со специфични форми, сложени услуги или работа во текот на ноќта не ги наплатуваме дополнително. Ги користиме глобалните решенија кои ви го олеснуваат начинот на плаќање.

Без дополнителни трошоци.

Едноставни пресметки.

Безбедно и лесно плаќање.