Професионални преведувачки услуги Global Translation Services EuroComIT3

Форми на преведување

Професионални преведувачки услуги

Ние сме професионална преведувачка агенција која нуди преведувачки услуги по најдобри цени. Нашето искуство датира од 2004 година кога беше формирана првата преведувачка компанија. Со разновидните преведувачки услуги им помогнавме на стотина компании и професионални клиенти од различни области по целиот свет. Преведувачки услуги, толкување, лекторирање, локализација и други услуги на повеќе од 70 јазици.

Нашите клиенти ги заслужуваат најдобрите услуги. Затоа тесно соработуваме со нив за подобро да ги разбереме нивните потреби и да им изготвиме најточни и доследни преводи кои ќе ги задоволат нивните барања за квалитет, прецизност и културно значење.

Рачно преведување со лекторски услуги

Преведувачките услуги ги изработуваме рачно. Соработуваме со преведувачи кои преведуваат на мајчиниот јазик што го барате. Внимателно ги проверуваме вашите документи и ви изготвуваме преводи од највисок квалитет. Нашите рачни преведувачки услуги ги надополнуваме со лекторирање. Преводите ги проверуваме повеќекратно за да ви предадеме најточни преводи кои се потполно без грешка.

EUROCOMIT3 нуди лекторски услуги и како посебна услуга. Пред објавувањето на деловниот или правниот документ мора да се провери дали се добро напишани, без грешки, и дали ги пренесува стилот и пораките на вашата организација. Нашите професионални лектори се оспособени за откривање и поправање на грешките и да го подобрат квалитетот на вашите документи во сите јазици што ги користиме.

Судско заверени преводи

Во некои земји документите што се преведени за правни намени ги прифаќаат само доколку преведувачот е регистриран како судски преведувач или има посебна потврда дека за стручната оспособеност и точноста на преведувањето.

Соработуваме со мрежа сертифицирани и судски преведувачи во земјите каде оваа процедура е потребна. Нашите преведувачи се овластени од суд и вашите документи ќе бидат потпишани и со печат. Имаме база на обрасци со судски заверени документи кои најчесто се користат. Збирката постојано се ажурира. Без разлика дали ви се потребни документи за венчавка на Бали, вработување во Мексико или судски процес во Црна Гора, со нашите судски заверени преводи преводите на  вашите документи ќе бидат точни и ќе одговараат на сите законски стандарди.

Машински услуги при преведување

Понекогаш клиентите бараат брз превод, а понекогаш и во реално време. Нашите клиенти бараат и обемни преводи при кои не им е потребно обликување, на пример тогаш кога преводот треба да понуди само основно разбирање на документите или кога роковите се кратки. Во таквите случаи алатките на интернет можеби не се вистинско решение, посебно кога станува збор за доверливи податоци за фирмата.

EUROCOMIT3 обезбедува брзо и ефикасно машинско преведување со, или без уредување. Користиме преведувачки алатки кои се втемелени врз нашите сопствени мемории на преводи или глосари, односно мемориите и глосарите на нашите клиенти. Овие алатки ни овозможуваат управување на технологијата и превод на обемни градива во мошне кратко време. Кога уредувањето потребно и изводливо, на пример за обемни правни документиe, машинското преведување секогаш го завршуваме со рачно уредување и лекторирање, кое го извршуваат преведувачи на мајчин јазик со големи искуства од бараната област.

Ургентни преведувачки услуги

Кога преводите треба да ги обезбедите за краток период, можеме да бидеме вашиот прв избор. Сметаме дека сме меѓу најбрзите изведувачи во својата дејност. Соработуваме со мрежа самостојни преведувачи кои работат 24 часа, седум дена во неделата. Можеме, според потребите, да формираме и група од соодветни преведувачи за пообемни преводи за најкратко време, при што тоа не влијае врз квалитетот на преводот. Вашите преводи ќе бидат направени брзо и според највисоките стандарди. За нарачки сме ви на располагање 24 часа дневно по целиот свет. Едноставно испратете ги вашите документи на нашите служби и наведете рок. Веднаш ќе ве контактираме и ќе почнеме со работата. Така ќе го запазиме зададениот рок.