Преведувачки услуги за договори - Global Translation Services EuroComIT3 Global Translation Services EuroComIT3

Преведувачки услуги за договори

CПреведувачки услуги за договори

Преведувачки услуги за договори

Преведувачките услуги кои вклучуваат договори бараат експертна професионалност поради правните делови од договорите. Преведувачите на договори исто така мораат да обезбедат правна точност при преведувањето, бидејќи тоа ќе гарантира дека со употребата на договорот бизнисот нема да се претвори во правно прашање, поради неправилно преведените правни термини.

На кои видови на елементи им се потребни преведувачки услуги за договор?

Бизнисите обично се создаваат преку различни договори кои треба да бидат преведени кога отворањето на бизнисот се случува во странство или кога влегувате на нов пазар. Некои од овие елементи вклучуваат:

  • Комерцијални договори
  • Бизнис договори
  • Договори за вработување
  • Договори за преземање и спојување
  • Договори за продажба
  • Договори за услуги
  • Договори за набавка или лизинг
  • Политика за приватност

Повеќето преведувачки компании кои вршат преведување на договори се фокусираат на сите правни договори; но сепак некои може да имаат индустрии на кои што е потребно да се фокусираат како што се осигурување или тргување со недвижен имот.

Кои се правните проблеми на преведувачките услуги за договори?

Додека главниот аспект при преведувањето на договорите е правилното преведување на неговата содржина во предвидените јазици, исто така е важно да се земат во предвид и законите на земјата во која ќе се употребува договорот. Во некои големи преведувачки компании, може да има и достапни адвокати кои ќе ги прегледаат договорите и ќе ги известат нивните клиенти доколку има проблем со термините употребени во договорот.

Додека договорот може да биде валиден во една земја, тој може да биде неправилен дури и нелегален ако се користи во земјата на преводот. Како и да е, ова е обично одговорност на компанијата која мора да нарача на преведувачите да го проверат преводот.

На крајот од денот, и покрај тоа што е предвиден точно преведен договор од страна на преведувачката компанија, клиентот мора да ја изврши својата домашна задача и да се осигура дека не постојат правни недостатоци при користењето на преведениот договор кога се работи за бизнис во странство.