Лекторски услуги, EuroComIT3 Global Translation Services EuroComIT3

Лекторски услуги

Лекторски услуги

За секој напишан текст потребно е да се направи лектура пред да му биде презентиран на клиентот. Ако им доставите на вашите бизнис партнери или клиенти документ кој има граматички и правописни грешки постапувате многу непрофесионално. Лекторските услуги вклучуваат многу повеќе од проверка на граматичките и правописните грешки. Некои лекторски услуги опфаќаат и уредување на документот за да се чита како што бил замислен и да биде соодветен за корисникот. Побарувачката на лекторските услуги се зголемува со зголемувањето на важноста на електронската размена на информации во споредба со размената на информации преку телефон.

Какви услуги вклучува лекторирањето

Печатните грешки се вообичаен проблем кај пишаните документи. Можат да настанат поради неспретност или пребрзо пишување. Интересно е тоа што во словенечкиот јазик најчесто погрешно напишани зборови се зборовите кои содржат „ljnj“ или повеќе согласки, како на пример „nadaljnji“ или „ministrstvo“. Повеќето писатели имаат проблеми со интерпункциските знаци и наводниците. Често пати не знаат какво одвојување треба да употребат и каде да го постават. Лекторските услуги вклучуваат одредување на формата и должината на реченицата, структурата, глаголското време и целокупната организација на текстот. Лекторите вообичаено се задолжени за документот да изгледа соодветно, да не содржи грешки, да се чита добро и да е соодветен за корисникот. Во некои технички документи, особено оние од областа на медицината, погрешниот распоред на буквите може да даде збор со сосема различно значење.

Кога треба да ги користите лекторските услуги?

Како што веќе рековме, би требало секој напишан текст пред да биде објавен да го провери лектор. Романот мора да биде лектуриран неколку пати пред да биде подготвен за печатење, во зависност од бројот на корекции и ревизии. Ако сакате да бидете професионални треба да ја лекторирате целата деловна документација – лошо напишан документ ја претставува компанијата во лошо светло и  може да предизвика непријатности или дури и губење на приходот. Говори, прирачници, статии во списанија, рекламни материјали – сето ова треба да биде лекторирано бидејќи дури и мали грешки можат да имаат катастрофални последици.